Пишува Д-р Тони Науновски
Повеќе нема никакво сомневање дека со фамозните измени на КЗ – кои ги предложи Владата на СДСМ, а ги гласаа пратениците на СДСМ – оваа партија го завери поразот на парламентарните избори догодина. После реакциите на неколку битни амбасадори, невладиниот сектор, работната група за измени на КЗ кои, замислете, воопшто и не биле информирани за експресно напишаните, предложени и изгласани измени, целосно е јасно дека всушност не станува збор за некакво „прилагодување кон ЕУ законодавството“ и слично, туку дека е нешто сосема друго, односно мотивите и каузалитетот на оваа тотално неразбирлива одлука на СДСМ се главно стриктно политички. Се разбира, несериозни се сите оние изговори и невозможни оправдувања на овој акт на политичко харакири на СДСМ во смисла на тоа дека, ете, дпмне не поднеле амандмани, правеле кворум за време на гласањето на измените и слични детски приказни – па, дпмне не гласаа за измените на КЗ, туку СДСМ, и тоа е факт. Секако дека им одговараат овие измени – практично сите „другарчиња“ на раководството на дпмне се ослободени од санкции или им застареа судските процеси, и затоа и веднаш отидоа на „баци рака’ во белата палата (која сега веќе, за жал, веројатно нема ниту законски можности да се заплени согласно првостепената судска одлука), кај оние кои очигледно, на некаков начин, успеале да ги натераат оние од СДСМ да ги ослободат, на еден или друг начин, преку измените на КЗ.
- (Фото) ИДНИОТ СЕ СРЕТНА СО СЕГАШНИОТ; Бајден му вети „мирна транзиција“ на Трамп
- Орце Ѓорѓиевски со задоволство би прифатил да биде градоначалник на Скопје
- Борел: Сакаме војната во Украина да заврши што е можно поскоро
- Внуката на Трамп објави фотографија од својот дедо од приватна архива: Сите се шокирани како изгледа новиот претседател на Америка без шминка (ФОТО)
- Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија
- Таа е новата Ријана: Тајла освои три награди на MTV EMA наградите и влезе во историјата на 22 години (фото)
- Генералот на НАТО: Одамна ќе пратевме војници во Украина, но Русија има нуклеарно оружје!
- Три хороскопски знаци кои секогаш ја кажуваат вистината
- Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град
Постојат неколку објективни интерпретативни рамки за оваа апсурдна одлука на СДСМ со која ставија печат на својот крај на владеењето – сега веќе не е прашање дали дпмне ќе победат туку дали ќе имаат над 60 пратеници, што е сосема можно токму заради парадоксалноста на оваа и многу други одлуки на СДСМ. Првата логична интерпретација, ако воопшто има некоја логика на мислење во вакво политичко мега- харакири, е дека има некаков таен договор, поврзан со средбите на актуелниот „лидер“ на дпмне со поранешниот претседател на СДСМ, кој очигледно е сеуште доминантна фигура во СДСМ, а за кои пишуваше порталот Плусинфо. Имено, според информациите на Плусинфо, предложен-направен бил договор за коалиција меѓу СДСМ и дпмне, која после изборите догодина ќе профунционира, со комбинаторики за тоа кој персонално да биде Премиер (дали од дпмне или од СДСМ) а кој да биде Претседател (дали од дпмне или СДСМ). Според напишаното од Плусинфо, а потврда за тие тајни сеанси дојде и од Министерот Спасовски, произлегува дека е можно и самиот поранешен Претседател на СДСМ да сака да биде Претседател на Македонија, а за возврат оној „лидерот“ на мицињата да биде Премиер, а оваа можност некако станува мошне веројатна и реална во контекст на неочекуваниот, тотален пораз на СДСМ на локалните избори – којзнае, може тоа било дел од некаков доовор, во стилот „јас тебе војводо, ти мене сердаре“, или во случајов јас тебе локални, ти мене за Претседател, па јас тебе за Премиер.
Вториот кохерентен и плаузибилен контекст на интерпретација е дека навистина СДСМ им веруваат на дпмне дека ќе им дозволат да имаат неколку министрри во нивната влада следната година, по веќе извесната голема победа – но, во овој случај останува енигмата дали таму во СДСМ се навистина толку наивни да им веруваат на мицињата, или имаат сепак некакви писмени гаранции заверени на нотар за тоа, сосе поддршка на моќната меѓународна заедница. И дали во тој договор – надеж дека сепак ќе бидат помал партнер на миињата во власта е вклучено и ова екстремно нивно делување и одлуки на штета на својот сопствен рејтинг – за мицињата да имаат колку што е можно повеќе пратеници – и што за тоа добиле за возврат, ако воопшто нешто добиле. Ако е така некако, тогаш навистина се за жалење, во реал-политиката и со радикално прагматичните мициња без силни бројки ќе немаат никаква релевантност, уште повеќе што тоа намерно одземање на политичкот-гласачки легитимитет нив навистина ќе ги направи небитни во политиката. Со џамбази пазар не се прави, ќе те излажат, има една таква мудра поговорка за која, ете, во СДСМ не слушнале. Има уште неколку интерпретативни модели за оваа светско-историски невидено политички самоубиствена одлука-„договор“ на СДСМ, но повеќе или помалку сите се концентрираат кон единствениот заклучок – дека СДСМ сака намерно да ги изуби изборите, а за возврат да биде дел од новата коалиција -влада на мицињата. Што би рекол уште еден поранешен Претседател, звучи шашаво, но функционира.
И покрај добронамерните предупредувања, мои и на неколкумина (деновиве прочитав една добра анализа на М. Грчев во таа насока), дека СДСМ полека но сигурно се движи кон тотално фијаско на изборите следната година, се чини дека сега е веќе предоцна – тој нивен пад толку се забрза што нема веќе Сизиф што може да го турка каменот нагоре кога толку забрзано паѓа надолу, посебно после измените на КЗ. Секако, овие предупредувања не се заради тоа што СДСМ, освен делумно во економијата, се покажаа многу способни во владеењето, туку затоа што сум уверен во тоа дека влада на мицињата ќе донесе многу тешки и опасни ситуации во сите сфери од светот на животот – од меѓуетнички проблеми до драстични деформации на демократијата како систем, дури до реална можност за воспоставувања на диктатура, апсолутизам. Има премногу релевантни па дури и застрашувачки индикатори кои просто врескаат за тоа да се спречи еден ден да има влада на мицињата, но попусто, кога СДСМ веројатно веќе донеле одлука да им ја дадат власта, тоа е, било каков отпор е залуден и неефективен. Денес веќе ништо не може да ги спречи мицињата убедливо да победат на изборите, веројатно со 60-ина пратеници, освен едно нешто – формирање на нова вистинска ВМРО партија; за жал, дури и овој последен и единствен спас на СДСМ па и државата перманентно се спречува токму од нив, координирано можеби со мицињата.
И, иако веќе е предоцна, повеќе како ламентирање над извесниот пораз на СДСМ и триумфот на мицињата, еве што требаше, што мораше да стори СДСМ ако сакаа да останат на власт односно демократски ги победат мицињата на избори. Или, поедноставно кажано, што сторија и не сторија СДСМ за овие долги 7 години власт, и што требаше да направат, целосно легитимно и легално, додека беа власт. Прво, демократизација на јавно-медиумскиот простор во Македонија, преку редица законски можности, или со други зборови прекинување на апсолутната медиумска доминација на мицињата, екстраполирана дури и во медиумите кои се финансирани од државниот буџет. Второ, мораше да воспостават соработка со сите анти-мициња структури во општеството, нешто што мицињата успешно го направија преку нивната продуктивна соработка со бројни влијателни поранешни СДСМ поддржувачи, од медиуми до помали партии – на пример, последно, формирањето на новата партија на Максим Димитриевски сосе Венко, (авто)биографот на милионерот Чифлиганец, оној де со папокот на светот, ќе им одземе плус неколку пратеници. Трето, мораше во соработка со меѓународната заедница, додека уште беа третирани како сериозна партија, да го оневозможат про-мициња делувањето на неколку т.н. странски фондации, кои додуше ги тренираа мицињата да боцкаат манчмалоу на шпагети но сепак ги засилија со својата отворена поддршка кон нив. Четврто, тие наместо да се однесуваа како НВО од Ташмаруништа а не како легитимна и легална власт, мораа согласно Уставот и законите да воспостават надзор над „независното судство“ и очигледното одолговлекување на судски процеси, првостепени судски одлуки итн., пример е фактот дека дури по една година од првостепената судска одлука за конфискација на имотот на дпмне на закажано рочиште се одложи истото, се до измените на КЗ со кои сеа веќе веројатно и таа првостепена пресуда ќе биде застарена, укината или слично. Петто..
Но, ништо од наведеното не направија, и затоа догодина, здравје, и тешко нас, ќе живееме со власт на мицињата. Мошне сум уверен дека и ако има(ло) некаков договор за заедничка Влада –коалиција со мицковистичко дпмне, тие нема да го реализираат договорот, ветувањето – токму напротив, ќе ја приграбат апсолутистички сета власт. Господ нека ни е напомош.
За каква-таква утеха, барем интересно и забавно е (сигурно сте забележале) дека секогаш пред избори почнуваат да се појавуваат на ТВ и понекое парталче (про-мицковистичките електронски портали) бизарни ликови со хистерична поддршка на мицињата. Ги нема со години, и наеднаш, како по правило, неколку месеци пред изборите, однекаде излегуваат, како стаорци кога ќе намирисаат сирење, сигурни дека пленот им е на дофат, или како мршојадци кога ќе видат труп. Арогантно самоуверени во претстојната изборна победа на мицковистичко дпмне, гротескно мешајќи теории на заговор и фантазмагории, со скромен интелектуален потенцијал и сомнителен бекграунд, го засилуваат еуфоричното расположение кај мицињата и нивната веќе оддалеку видлива неизмерна алчност за власт. Немаат никаква идеологија, програмата им е неконзистентен и самоконтрадикторен микс на самосвесни лаги за припрости луѓе кои се доминантно нивно таргетирано гласачко тело, со катастрофални квази идеи за економијата (сетете се дека беа и се против замрзнатите цени односно се докажани заштитници на крупниот капитал и профитерите), со дури веќе и нескриени најави за тоа дека, метафорички кажано, Македонија ќе ја претворат а ла Северна Кореја, арно ама вреват до бесвест во нивниот окупиран медиумски простор. За жал, овојпат имаат реална основа за победничката еуфорија и осиленост – веќе аргументирав, ако не се случи нешто битно во наредните 5-6 месеци, сигурно е дека ќе победат на изборите. Едно нека знаат, да им кажам – не не победивте вие, мициња, туку вас СДСМ (ќе) ве донесе на власт!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.