Ковачевски: Добро е што се укинува Балансерот

„Добро е што се укина балансерот“, изјави поранешниот премиер и лидер на Социјалдемократскиот сојуз и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, во подкастот „Претрес со Ландов“, коментирајќи ја денешната одлука на Уставниот суд за укинување на алатката за вработување на припадници на немнозинските заедници во јавната администрација.

„Балансерот“ е решение кое произлезе од Охридскиот мировен договор и уставните амандмани. Но, тој потоа се злоупотребуваше. Македонци се изјаснуваа за Албанци, Роми Турци, Албанците за Турци, Власи за вработување и не ги даде резултатите“, рече Ковачевски.

Конкретно не сакаше да ја коментира одлуката на уставните судии.

„Ова е одлука на Уставен суд и не се коментира. Надминато е решението. Добро е што се укина балансерот бидејќи ќе треба ново решение“, рече Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи: