Ковачевски е подготвен да поднесе оставка на денот кога ќе се изгласаат уставните измени

Ниту еден човек не се родил за да биде премиер, тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш со нив. И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ. Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски е подготвен да поднесе оставка на денот кога ќе се изгласаат уставните измени

Втората опција, како што додаде тој е доколку ВМРО-ДПМНЕ сакаат да станат дел од Владата, ќе ги добијат половина од местата од владејачката партија.

-Услови имаат ДУИ да не учествува, тие поднесоа оставки, и другите албански партии кажаа еве и ние нема да учестуваме… Ќе бидат дел од Владата, ќе го завршиме целиот процес, ќе го завршиме скринингот, ќе отвориме едно или две поглавја и ќе затвориме едно од поглавјата. И ќе одиме на избори. Влада во која доминантно министри ќе има и ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски во гостување на Тема на денот на ТВ Сител.

Кажа дека ќе има редовни избори, и претседателски и парламентарни и оти клучно прашањето со уставни измени да биде решено, заради, како што рече, државата.

-Политички партии имало и ќе има, власти се менувале, но ние самите најдобро сфативме што значи изгубени години и декади, потсети Ковачевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.