Ковачевски: Реорганизација на Владата ќе значи само дополнителни буџетски трошоци

Пратеникот Димитар Ковачевски истакна дека предлогот за измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа има низа недостатоци и став на пратеничката група на СДСМ е за измени на законот но во редовна постапка и со сериозна дебата и испитувања на ефективноста.

– Првото прашање кое се наметнува кога ќе се разгледа законското решение кое е предложено со цел измени на ЗОРОДУ е практично дали се работи за измени мотивирани од желбата зазголемување на ефикасноста, или се мотивирани од желбата да се олесни политичкиот пазар за полесно креирање на владина коалиција и коалиција за носење на други заони до 2/3 мнозинство. Јасно е дека се работи за второто, политички мотиви за политики пазар и коалицирање и за тоа говорат неколку факти.

Предизборното ветување на ВМР0-ДПМНЕ и коалиција е за намалување на бројот на министерствата, сега има предлог за зголемување. Ваков системски закон треба да се носи во редовна постапка со соодветни анализи, а се носи во скратена постапка и без соодветни анализи за што реагираа и НВО и нема образложени буџетски ефекти.

Касами вели „законот беше повлечен од причина што градинките во првиот предлог беа ставени во МОН но сега откако се вратија во Министерството за труд прелдогот е добар и има договор за коалиција“: Ова е потврда дека не е желбата ефикансост, истакна Ковачевски кој додаде дека измените ќе донесат само зголемени буџетски трошоци.

Пронајдете не на следниве мрежи: