Бугарскиот европратеник од партијата ГЕРБ, Андреј Ковачев, вели дека не им е лесно на неговите колеги политичари од Македонија. Тие дури и не сакаат да слушнат за вклучување на Бугарите во Уставот, додека половина од нивните семејства веќе имаат бугарско државјанство.„Најважно е што ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарски идентитет – во која секој пишува дека неговата мајка, татко, брат и сестра се исто така Бугарки. А братот или сестрата денес се пратеник, министер… или се во брак со актуелен премиер“, пишува Ковачев на својот Фејсбук профил.Бугарскиот европратеник пишува дека 216.000 македонски граѓани веќе се дел од ЕУ.„Тие секогаш се подготвени да го осудат „источниот сосед“, „Татарите“ и „бугарскиот фашистички окупатор“… а во исто време да кријат бугарски пасош во џебот. Впрочем… за нив не е голем проблем дали ќе влезат во ЕУ. Тие веќе се внатре – заедно со 216.000 други македонски граѓани кои станале бугарски државјани со бугарско потекло и бугарско самоопределување. Единственото тажно нешто е за останатите, оние кои сè уште им веруваат“, додаде Ковачев во својот пост.Коментарот е напишан како одговор на веста на бугарската „Нова ТВ“ со наслов: „Зошто пратеникот Миле Лефков од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги негира своите бугарски корени“.Бугарскиот весник „Нова“ во својот напис пишува дека братот на Миле, Иван Лефков, добил бугарско државјанство пред две години. Според написите, тој поднел барање до локалното Министерство за правда со лична карта што била поврзана со неговиот дедо. Во своето барање за бугарско државјанство, Иван Лефков напишал дека неговиот татко, мајка, сопруга, деца, како и неговиот брат Миле Лефков се Бугари. Тој го изјавил ова во 2021 година.
Пронајдете не на следниве мрежи:



