Со Предлог буџетот за 2019. година, кој е на комисиска расправа во Собранието на Р.Македонија предвидени се повисоки плати за лекарите специјалисти за 10% од јануари 2019. година и за уште 5% почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019. година. Во септември 2019. година за 5% ќе бидат покачени платите и за сите здравствени работници.
– Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, од септември ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Растот на платите во јавниот сектор, воведувањето на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, ја придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор“, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.