Кога ги слушна овие зборови, монструмот од Цетиње се самоуби

По повод масакрот во Цетиње во кој загинаа 12 лица, а четири беа тешко повредени и се наоѓаат во Клиничкиот центар на Црна Гора, министерството за внатрешни работи на Црна Гора, одржа вонредна прес-конференција. Пред новинарите командантот на Специјалната полициска единица, Милош Ракоњац, опиша како изгледале последните моменти од животот на Ацо Мартиновиќ, кој изврши самоубиство.

„Отидовме директно за да го запреме смртоносниот пир. По самоубиството, кај него беа пронајдени околу 90 куршуми, што значи дека имал намера да продолжи со убиствената треска. Важно е дека немаше и понатаму убиства по распоредувањето на специјалните единици. Успеавме да го лоцираме лицето. Бев на лице место, каде лицето беше, изолирано и блокирано. Му беше оневозможено да пружи опасност за останатите граѓани и на командата да го фрли оружјето, изврши самоубиство“, објасни Ракоњац.

Да потсетиме, Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње во средата на 1 јануари во попладневните часови уби луѓе на повеќе локации. На крајот се самоубил кога бил опколен од силни полициски сили, им подлегнал на повредите во амбулантата која била на пат кон Клиничкиот центар на Црна Гора.

Пронајдете не на следниве мрежи: