Децата имаат многу енергија, тие се неуморни и не им се допаѓа кога се принудени да одат во кревет. Но, иако неколку часа спиење може да биде безначајна загуба, на долг рок е многу штетно да им го кратите сонот на вашите деца.
Нивниот когнитивен, емоционален и физички развој има големи придобивки од тоа да ги пратите порано да си легнат.
Ќе прашате колку порано? Педијатриската студија пренесена од Women’s Day покажува дека идеалното време за да ги испратите на спиење е од 18:00 до 21:00 часот.
Децата на возраст од 7 до 11 години, кои оделе на спиење еден час порано, пет дена во неделата, биле повнимателни и помалку раздразливи.
А 18-месечните деца покажале подобри моторни функции и говор кога оделе на спиење пред 22 часот.
Сепак, тоа не значи дека секое дете мора да легне во 19:30 часот. Возраст, распоред, училиште, сето тоа влијае на тоа колку часа сон им е потребно.
Педијатарот Мелинда Венер Мојер тврди дека ова е најдобриот начин за да дознаете кое е најдоброто време за спиење:
„Обидете се да го ставите детето во кревет 20 минути порано од вообичаеното и видете што ќе се случи. Ако веднаш заспие, веројатно му одговара порано да си легне”.