Кога е премногу доцна за бременост?

Денеска ќе прочитате сѐ и сешто во врска со бременоста, од наслови што тврдат дека јајниците се „претвораат во прав“ по 30-та година од животот, а други покажуваат како може да се стане мајка дури и на 50-годишна возраст.
Кога е премногу доцна? Одговорот е комплициран.
лодност
Способноста на жената да остане бремена опаѓа уште на 27-годишна возраст, а наглиот пад се бележи до 37-та година од животот. Ако двојката е здрава, постои 95 проценти шанса до 30-та година од животот за 95% можност да има бебе. После тоа, шансите се намалуваат за 3 проценти секоја година. По 40 паѓаат на 5-10 проценти, само 5 години после тоа вашите шанси паѓаат на само 5 проценти.
Забележете дека ова е општа статистика и дека секогаш постојат исклучоци. Постојат и жени кои се борат со неплодност на 25 години, додека има и такви кои без проблем остануваат бремени на 45 години.


Ризик
Како што старее жената, така расте и ризикот од спонтан абортус и други компликации. За жени помлади од 30 години, шансата за абортус е 15-20 проценти, додека за жени над 40 години, таа се зголемува на 50 проценти! Дауновиот синдром, како и другите хромозомски абнормалности, е нешто што се поврзува со возраста на мајката, а како што старее мајката, така расте и ризикот. Кога жената ќе наполни 35 години, ризикот е 1/350, но на 45-годишна возраст, тоа е 1/35.
Повеќето луѓе ќе заклучат дека нивното завидно добро здравје е одлична алатка во борбата против стареењето. За жал, тоа не е важно за јајниците – без разлика дали сте вегани или трчате маратони.
Секоја жена е родена со одреден број на јајце-клетки, а нивниот број и квалитет се намалуваат како што старееме.
Дијабетес, дебелина, крвен притисок може да влијае на зачнувањето и текот на бременоста на негативен начин, затоа е добро да се остане здрав, но исхраната и активноста не влијаат на репродуктивниот систем.


Можеби сега ќе се прашувате ако бројките се вакви, како тогаш толку често гледаме дека некоја позната жена во нејзините 50-тите родила близнаци? Иако бројките изгледаат ниски, има голем број на оние кои остануваат бремени во 40-тите години и имаат сосема нормална бременост. Покрај тоа, мора да се знае дека има многу кои бараат медицинска помош, вештачко оплодување.
Д-р Кристофер Монтвил објаснува: „Идеално, парот треба да започне да планира бременост на возраст од 37 години, бидејќи тоа ќе ги зголеми шансите за здрава бременост“, додавајќи дека ако сте близу до тие години, а „вистинскиот“ сè уште не е на повидок – замрзнете ги јајце-клетките за да ги зголемите шансите за подоцнежна бременост.
Ако планирате бременост, сигурно знаете дека нема вистинско време, но ако мајчинството ви е многу важно, навреме размислете за проширување на семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.