Кога жената ќе го покаже лицето без шминка…

„Разголувањето“ е многу важен чекор во врската.
Жената во просек ќе чека четири седмици и еден ден пред да дозволи нејзиниот нов дечко да ја види без шминка. Тие велат дека без целосна шминка се чувствуваат помалку атрактивно, несигурни се и ранливи.
Околу 60% од неомажени жени мора да бидат потполно сигурни дека нивниот потенцијален партнер доволно ги сака пред да му го откријат својот природен изглед, па затоа се во состојба да прибегнуваат кон разни трикови: Стануваат навечер за да стават пудра или стануваат порано за да бидат сигурни дека новиот дечко нема да ги види без маскара.


Дури 90% жени сакаат нивниот нов партнер да мисли дека се убави, а ќе потрошат и 40% подготвувајќи се за излегување со новиот дечко.
Околу 50% жени се уверени дека нивниот партнер би бил шокиран од тоа колку поинаку изгледаат без шминка и дека нема шанси да го освојат доколку од старт се покажуваат во природно издание.
Освен партнерите, 32% од жените не сакаат колегите на работа да ги видат без шминка, а 31% не би сакале да налетаат на поранешниот партнер без шминка.
Очигледно е дека шминката им служи како некој вид штит и го ставаат не само за да изгледаат попривлечно, туку и за да бидат сигурни во себе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.