Понекогаш е јасно зошто сте се здебелиле – тоа најчесто се случува за време на празниците или во посебни прилики кога јадете повеќе од вообичаено.
Најмногу се дебелеете во зимскиот период бидејќи ги прескокнувате тренинзите поради студеното време и уживате во топлината на домот.
Но понекогаш немате објаснување зошто вагата покажува 2 или 3 килограми повеќе за само неколку недели или денови. Кои се причините за ова?
Внесувате премногу сол
Ако неколку дена по ред јадете солена храна ќе забележите дека сте се здебелиле. Брзата храна е полна со натриум, така што може да се здебелите ако јадете во ресторан или јадете сендвичи, леб и слатка храна.
Лекови
Многу лекови предизвикуваат дебелеење, а најчест виновник за тоа се лековите за депресија и кардиоваскуларни болести. На списокот може да ги додадете и стероидите и суплементи кои ја зголемуваат количината на тестостерон.
Јадете повеќе отколку што сте свесни за тоа
Ако постојано го зголемувате внесот на калории, не е чудно ако вашата вага покаже 2 до 5 килограми повеќе. Важно е да препознаете зошто јадете повеќе од вообичаеното, а зошто не сте свесни за тоа.
Јадете повеќе јаглехидрати
Ако сте на некоја диета па внесувате повеќе житарки и скроб, веднаш ќе забележите разлика.
Ако неодамна сте биле на диета и сте се ослободиле од вишокот килограми, не треба да ви биде чудно ако повторно се здебелите. Затоа се препорачува да внимавате на исхраната и да вежбате, а не да држите диета.