КОГА МНОГУ ТИ СЕ ПУШИ: Украл дури 663 кутии цигари

Полициски службеници од СВР Струмица денеска го лишија од слобода Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица.

При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот.

Г.П. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: