Кога може да се очекува првиот ПВО/ПРО-систем С-500 „Прометеј“ во руската армија?

Се смета дека С-500 „Прометеј“ ќе може да се бори против комплетниот спектар воздушно оружје, вклучувајќи хиперсонични летечки објекти и боеви блокови на интерконтинентални балистички ракети. 

Првите противвоздухопловни и противракетни системи С-500 ќе влезат во вооружувањето на руската армија наредната, 2021 година. Сериската испорака на овие системи е планирана за 2025 година, соопшти заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко, пренесува информативниот портал RT.

„Завршетокот на етапата на државни тестирања и испорака на системите на единиците на руската армија е планирана за 2021 година“, пренесе веб-порталот РИА „Новости“ повикувајќи се на интервју на Криворучко во магазинот „Национална одбрана“.

Криворучко прецизира дека истата година се очекува потпишување на државен договор за набавка на ПВО/ПРО С-500, кои во серија ќе бидат испорачувани од 2025 година.

Според него, во моментов се изведуваат прелиминарна тестирања, поточно „компонентите на овој систем се наоѓаат на полигоните“.

Во февруари оваа година заменикот-министер за одбрана изјави дека системот за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе биде подготвен за испорака на единиците на руската армија до крајот на 2020 година.

ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе може да се бори против комплетниот спектар воздушно оружје, вклучувајќи хиперсонични летечки објекти и боеви блокови на интерконтинентални балистички ракети. Основната „противавионска“ ракета што ќе ја применува системот С-500 ќе биде 40Н6. Таа ќе може да соборува цели на далечини и до 400 км. Оваа ракета веќе се наоѓа во вооружувањето на системот С-400 како негово топ-оружје. За пресретнување на балистички цели и хиперсонични летечки објекти се развива семејството ракети 77Н6. Овие ракети треба да ги заменат постарите модели 9М82 кои се наоѓаат во вооружувањето на системот С-300В.

Се смета дека „Прометеј“ ќе може да оствари ефективен хоризонтален дострел и до 600 км, додека висината на пресретнување на воздушните цели ќе биде драматично зголемена во споредба со претходникот С-400. Имено, новите типови ракети ќе овозможат борба со непријателските цели кои се наоѓаат во поблиската вселена. Новите можности на системот С-500 „Прометеј“ не ја исклучуваат можноста за соборување извидувачки сателити кои се движат во ниската орбита на Земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.