Кога момчињата ќе влезат во пубертет зависи од мајката

Возраста во која момчињата влегуваат во пубертетот е директно поврзана со времето кога нивните мајки првпат добиле циклус, покажува новата студија.
Синови на мајки, кои добиле менструација порано од нивните врснички, влегуваат во пубертет околу два месеци порано. Студијата во списанието „Human Reproductiuon“ анализирала податоци од речиси 16.000 дански мајки и деца. Еден од авторите, д-р Ниш Брик од Универзитетот во Данска, изјави: „Секогаш кога еден пациент со задоцнет или ран почеток на пубертетот доаѓа кај лекар, тој го испитува за фамилијарна историја. Знаевме дека постои врска меѓу пубертет-возраста на мајката и синот, но сега нашите податоци од студијата го потврдуваат тоа“.


Времето кога девојчињата и момчињата влегуваат во пубертет, постепено се намалуваат во целиот свет. Во Велика Британија, возраста кога децата влегуваат во пубертетот се намалува за еден месец – на секои 10 години. Просечната возраст за пубертет сега е: – 11 години за девојчиња – 12 годии за момчиња
Студиите, исто така, покажаа врска помеѓу дебелината и раниот почеток на пубертетот.
Во 2015 година, студијата покажа дека раниот или доцниот почеток на пубертетот има врска со зголемен ризик од: дијабетес Дебелина рана менопауза кардиоваскуларни заболувања Се верува дека девојчето рано влегла во пубертет, ако имала осум до 11 години, а доцниот пубертет бил помеѓу 15 и 19. Кај момчињата, нормалниот пубертет започнува помеѓу девет и 14 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.