Телото на маж беше пронајдено во средата во Хомбург, по дојава од соседството.
Имено, жената погледнала преку оградата во дворот на своите соседи и видела морничава сцена како нешто од хорор филм. Нозе и делови од труп закопан во дворот ѕиркаа од земја. Телото кое било откриено во градината било закопано само неколку сантиметри длабоко, а било во почетна фаза на распаѓање.
Жената веднаш ја алармирала полицијата која набрзо пристигнала на местото на настанот. Бидејќи станарите од куќата во чиј двор е откриен мртов маж не се отвориле, иако биле дома, елитните полицајци ја скршиле вратата и на крајот извадиле двајца 63-годишни мажи и еден 62-годишна жена.
Тие се приведени на распит во полициска станица каде ќе се утврдува дали се одговорни за смртта на мажот. Според портпаролот на државната полиција, сè уште не е јасно дали двајцата се сметаат за осомничени или само сведоци.
Како што пренесува БИЛД, соседите рекле дека жената и мажот биле прилично незабележителни и ретко биле видени. Инспекторите од Одделението за злосторства против животот сега имаат задача да утврдат која е жртвата, како починало лицето, колку долго лежело во градината и дали станарите во куќата имале некаква врска со тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.