Кога родителите губат контрола над своите деца?

39 % од родителите кои имаат деца на 13 годишна возраст не знаат со кој се дружи нивното дете и сосема ја губат контролата врз детето како и каква храна консумира. Речиси 1 од 10 родители веруваат дека моментот кога мора да почнат да градат меѓусебна доверба со децата е на 10 години.
Студијата на компанијата “Vitabiotic’s Wellteen” покажа дека стравот на родителите може да биде оправдан, бидејќи 40 % од родителите веруваат дека нивните деца јадат повеќе нездрава храна како чоколадо, грицки за разлика додека тие растеле. Повеќе од половина родители учествуваа во расправата за исхраната на своите тинејџери, со акцент на потребата повеќе да се јаде овошје и зеленчук.


“Со поголемиот број на грицки кои можете да ги одберете, не е изненадувачки тоа што многу родители сметаат дека нивните наследници уживаат повеќе во нездравата храна за разлика од неколку децении претходно”, вели портпаролот на компанијата.
Студијата со 2.000 родители на тинејџери на возраст од 13 до 18 години открија дека 6 од 10 родители чувствуваат дека ја изгубиле контролата врз своите деца, бидејќи станале независни. Тоа значи дека 63 % од родителите се грижат за тоа дали нивните деца ги добиваат неопходните витамини кои им се потребни за развој.


Истражувањето кое е спроведено преку страната “OnePoll.com” откри дека 12 % од родителите признаваат дека немаат поим колку чоколада дневно јадат нивните деца, додека 1 од 10 родители се бори против тоа. Тие се согласуваат дека не знаат колку газирани пијалаци консумираат во текот на денот, додека повеќе од 1 од 20 родители не знаат дали нивните деца консумираат овошје или зеленчук.
Повеќе од 4 од 10 родители сметаат дека нивното дете има пробано алкохол, и покрај тоа што 44 % од тинјџерите тврдат дека имаат консумирано алкохолни пијалаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.