Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Бањањето заедно со деца може да биде одлична можност за поврзување, а според едно истражување, 84 отсто од родителите се согласуваат дека тоа е еден од најубавите моменти што ги поминуваат со своите деца.

Психолозите велат дека оваа практика е клучна за когнитивниот и емоционалниот развој на бебињата, но и дека има момент кога треба да ја оставиме зад себе.
Како што објави Bright Side, капењето го учи детето на важноста на допирот и е можност на вашето потомство да му дадете чувство на контакт кожа на кожа. Исто така, обезбедува позитивна и смирувачка интеракција помеѓу родителот и детето. И што е најважно, родителите се навистина посветени на своите деца за време на капењето и тоа е единствениот пат кога не ги користат своите паметни телефони.

Можете да разговарате за некои важни лекции со вашето дете додека се капете. На пример, да ги научите на позитивна слика за сопственото тело, да ги научите на анатомија, родови разлики и промени што се случуваат со телото.
Кога родителите треба да престанат да се бањаат со своите деца?
Иако не постои јасен одговор на ова прашање, важно е родителите да ги следат упатствата на своите деца. Ако почнат да коментираат или се чувствуваат непријатно да бидат голи пред родителите, треба да избегнувате пресоблекување пред нив, како и капење.

„Дефинитивно ги советувам родителите да престанат да се тушираат или да се капат со своите деца околу 5 или 6 години. Децата најпрво треба да бидат под надзор за да можат да стекнат чувство на автономија и да научат важни хигиенски вештини“, вели психологот Ричард Бејер.
Според експертите, предучилишната возраст е погодна да се прекине капењето со децата бидејќи тогаш им е потребна поголема приватност и личен простор. Ова им помага да воспостават здрави граници и независност. Капењето со деца постари од 7 години може да ја попречи нивната способност да ги развијат овие вештини, па дури и да им предизвика непријатност, заклучува д-р Бејер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.