Кога сакате да пиете, а сте на диета: Каков алкохол да порачате?

„Од ништо не ми е тешко да се воздржам додека сум на диета, освен од алкохолот“.
Колку пати сте ја слушнале оваа реченица и сте се насмеале? Сепак, за оние кои сакаат да си пивнат чашка или две, а се на диета, навистина е мачно.
Па што да се напиете додека сте на посебен режим или барем внимавате на исхраната, без страв дека ќе накачите многу килограми или ќе го стагнирате процесот на слабеење?
Нутриционистите имаат неколку добри предлози за вас:
Суво црвено и бело вино
Иако виното се добива од овошје, голем дел од шеќерот се претвора во алкохол за време на процесот на ферментација. Со помалку шеќер од пивото и далеку помалку шеќер од ароматизираните готови алкохолни пијалоци во шишиња, виното е многу подобар избор.
Црвеното вино го содржи антиоксидантниот ресвератрол и е особено полезно за работата на срцето, секако во умерени количини.
Белото вино и црвеното вино содржат слични калории, но белото има тенденција да биде пониско во процентот на алкохол. Имајте предвид дека розе виното е послатко и содржи повеќе калории, како и десертните вина кои се уште послатки.
Затоа, најдобриот избор ви се сувите црвени и бели вина.


Шампањ
Пенливо бело вино кое може да содржи помалку калории од чаша бело вино (или пиво). Иако и шампањот содржи антиоксиданти, тие се ограничени и со помала хранлива вредност.
Доколку го комбинирате шампањот со сок од портокал или цитрон ќе му обезбедите и витамин Ц на организмот, а оваа комбинација исто така ќе ви овозможи да испиете помалку алкохол, а сепак да консумирате пијалак во нормална чаша, односно големина.
Вотка + сода
Без додаток на нешто слатко, оваа комбинација е без шеќер и затоа содржи многу помалку калории.
Постои заблуда дека тоникот е ист како и сода-водата, но всушност првиот е газиран напиток кој содржи шеќер. Додавањето на малку лимон или лимета ќе му даде освежувачки вкус на овој пијалак, но сепак сметајте дека истиот нема никаква хранлива вредност.
Џин, виски, текила и чист рум
Иако се работи за категорија на „тешки алкохоли“, тие се без адитиви и шеќер и затоа содржат најмалку калории. Очигледно, треба да ги пиете чисти или во комбинација со сода за да избегнете дополнителен внес на калории.
Внимавајте со што ги мешате овие пијалаци. Додадете сосема малку тоник и свеж лимон или лимета за поинтензивен вкус.
Блади Мери
Љубители на коктели и мешани пијалаци? Лоши вести за вас, најголемиот дел од нив содржат премногу различни видови на алкохол и многу други додатоци, што во превод означува и премногу шеќер, односно премногу „празни калории“.
Сепак, еден од нив се истакнува како „здрав коктел“ – „Крвавата Мери“ – вотка и сок од домати во комбинација со Табаско и Ворчестер сос и сол.


Ова е нискокалоричен алкохолен пијалак кој содржи дури и некоја хранлива вредност.
Сокот од домати ќе ви обезбеди некои антиоксиданти, главно ликопен, како и витамин Ц и калиум. Додавањето повеќе зеленчук во коктелот ќе обезбеди уште повеќе хранливи материи и влакна.
Бидете внимателни дека во истиот е вклучен свеж сок од домати без конзервирани додатоци кои се преполни шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.