На социјалните мрежи утрово се појави фотографија која буквално ги револтира корисниците на социјалните мрежи.
Имено на Фејсбук групата „Ѕид на сообраќаен срам“ осамна фотографија од непрописно паркиран автомобил пред основното училиште „11 октомври“ во Скопје.
-Денес започна првиот училиштен ден и одма почнаа родителите своите деца да ги учат дека на пешачки кола се остава. Штета што не беше отворена вратата па госпоѓава ќе си го земеше детево од училница. Ахх бе Македонче. Северно… само камшикот и турското да се врати убав пример за децата се дава сите будали што ги оставаме колите на паркинг кој е 50 метра подолу од 11 октомври школото. Би ве замолил ако некој има клуч од вратава да ја отвори па да може директно да си ги зимаме децата и оставаме, а не да се мачиме да искачаме од кола, стои во револтираниот пост на социјалните мрежи.
Инаку по оваа следуваа и неколку коментари на граѓаните кои советуваат во иднина наместо да се фотографира да се викне полиција и пајак служба.