Кога човек е на крстопат: Нов живот, да или не?

Секој од нас барем еднаш во животот доаѓа на крстопат каде треба да одлучи по кој пат треба да продолжи. Дали да тргне во друга насока или да ја повтори старата приказна?
Новата насока е непозната територија, предизвикува страв, многу прашања, анксиозност. Потребно е да си дадете време да почувствувате, истражите и да видите какво е чувството да одите по таа нова патека?
Главното прашање: „Како се чувствувам сега и тука?“
Старата приказна е позната, знаете да балансирате, сѐ ви е предвидливо и нема многу изненадувања. Можеби е болно, можеби ве тишти, но познато ви е. Од друга страна, новиот живот е целосна спротивност на тоа. Тука е потребно многу учење, трпение, одење чекор по чекор. Пример за ова е излегувањето од шаблоните на деструктивно однесување.


„Жените кои премногу сакаат“ се пример за ова што го пишувам. „Што е со мажот кој не треба да се поправа, спасува, советува?“ По првичната занесеност, врската преминува во помирна фаза и нема толку адреналин, непредвидливост, чекање, жртвување, помагање и слично. И што сега? Ова е сосема ново, непознато подрачје за оваа жена. Во ваквите ситуации личноста често знае да побегне, односно да заклучи дека таа личност сепак не е за неа. Нема искуство со вакви личности и тоа е она од коешто сака да побегне и да се врати на старите шаблони.
Со постепено освестување и отфрлање на научените шаблони, со трудење околу создавање блискост во контактите со другите луѓе можете да ги промените тие шаблони и да создадете еден нов живот, но и да научите да останете во смирена, „досадна“ врска која всушност е здрава и во себе носи цела палета на прекрасни чувстви кои допрво требa да ги откриеме. Треба да престанете да го танцувате тој отровен танц.
Иако е полесно да се побегне во старото, заслужувате повеќе од чекање, надевање, жртвување, молење и сите останати шаблони преку кои самите себеси се ставате на последно место во сопствениот живот и кои прават да бидете гладни за љубов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.