Кога ќе дојде зима него животот му виси на конец – ова дете има ретка болест и не е отпорно на ладно време!

Седумгодишниот Британец, Томи Лич морал минатата зима да ја помине во болница поради ретка состојба кај која ладното време предизвикува алергиска реакција.
Кога и да му биде ладно тој повраќа, се бори за воздух и добива отоци по телото. Томи пати од тежок облик на уртикарија и ангиоедем што се состојби кои предизвикуваат отоци под кожата.
Неговата мајка Ебигејл Мекдоналд (26) вели дека не може да го облече во облека и да го згрее затоа што Томи исто така е алергичен и на топлина.
Таа постојано е загрижена дека животот на нејзиниот син е загрозен штом симптомите почнат да се појавуваат и дека нему итно му требаат лекови.


„Тоа е ужасна состојба и постојано паничам поради тоа затоа што може животот да му го загрози на Томи доколку не прими медицински третман. Срцето ми се кине кога ќе го видам во болница, но тој е толку многу храбар“ – вели Ебигејл, мајка на две деца од Емиршем.
Таа првпат го забелажала отокот на Томи на главата кога имал само пет години.
„Мислев дека станува збор за вирална инфекција, но следното утро беше покриен со осипи од главата до петите и се жалеше на болки во стомакот и градите. Лицето и стомакот му беа отечени“ – раскажува Ебигејл.
Во болница примил антихистамини и адреналин, а потоа била направена дијагнозата. Причината за неговата состојба сè уште не е позната, но ја предизвикуваат топлината и студеното време, притисокот на кожата, сонцето па дури и водата.
„Секогаш сум како стражар затоа што никогаш не знам што следно ќе се случи поради што секогаш е сè пострашно. Томи се загрижува штом го види отокот“ – наведува неговата мајка.
Ебигејл изјавил дека Томи пропуштил многу дружења со пријателите и дека нивното семејство не може да појде на излет па ниту на одмор затоа што се плашат дека симптомите ќе се појават додека патуваат во авион или пак во некоја друга земја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.