Тој додаде дека пред да дојде до таа точка, Пендаровски треба да ѝ се извини и на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за навредите што ги упатил кон неа, „но и да престане да биде измеќар на Али Ахмети и Артан Груби“
Пендаровски откако ќе ги изгуби изборите ќе треба да ја добие довербата на делегатите на СДСМ за претседател на партијата, па после може да бара дуел, му порача лидероот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски.
„Откако имав дуел со Ковачевски, а после дуелот јадниот Ковачевски не знаеше вратата да си ја најде од Канал 5 телевизија каде што бевме, сега му текнало на Пендаровски да бара дебата со мене, може ќе му текне и на Зечевиќ Миле и на Маричиќ Бојан, може и на оној Јово Деспотовски кој што е претседател на СДСМ во најава. Јас немам проблем од дуели и дебати, но за да Стево ја добие таа чест да имаме дуел и дебата, најпрвин треба откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај, да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија, што се сомневам дека ќе биде после овие избори на 8 мај и тука повторно да излаже, затоа што нели рече еднаш дека ако не е претседател, тогаш и тој ќе се исели од Македонија. Сега и тоа ќе го излаже, ама добро еве ќе му простиме бидејќи е претседател во најава во СДСМ и тој тогаш може да седнеме и да дебатира со идниот премиер на Македонија и да зборува каква е состојбата во Македонија“,
рече Мицкоски во неговото обраќање на денешниот митинг во Струмица.
Тој додаде дека пред да дојде до таа точка, Пендаровски треба да ѝ се извини и на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за навредите што ги упатил кон неа, „но и да престане да биде измеќар на Али Ахмети и Артан Груби“.
„Сега Стево Пендаровски што треба да направи за да дојде до таа чест и таа улога? Најпрвин треба да престане да изигрува балкански мачо маж, да навредува дама со голем кредибилитет, со голем авторитет како што е професорката Гордана Силјановска Давкова, да кажува дека не ја видел и да се извини. Треба да излезе и да се извини за тоа што се служи со навреди, а потоа наместо да биде маж којшто навредува дама, да престане да биде измеќари на Артан, Али и останатите. Барем по нешто паметно да го запаметиме овие пет години и да престане да биде слуга на Али и да коленичи во Мала Речица“,
истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека нема намера понатаму во кампањата да се занимава со Пендаровски и дека граѓаните треба да му помогнат на истиот за на 24 април да си ги спакува куферите и на 8 мај да се исели.
Актуелниот претседател и кандидат за втор мандат за шеф на државата, Стево Пендаровски предлага да има вистински, реален дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Пендаровски предлогот го даде вчера на неговиот предизборен митинг во Делчево, одговарајќи на прашање од граѓанин дали ќе има предизборен дуел. Тој рече дека го предлага тоа бидејќи „Христијан Мицкоски, очигледно, тој е кандидат за претседател, Силјановска не ја гледаме каде е“.