Иако е на прагот на седмата деценија од животот, Лепа Брена и денес изгледа подеднакво згодно како и пред некоја деценија.
Сепак за тоа не е заслужна само добрата генетика, него и фактот дека пејачката се држи до строг режим на исхрана и редовно вежба.
Имено она што во последното интервју во српските медиуми го откри Лепа Брена околу нејзиниот начин на исхрана е за пофалба.
-Навечер јадам овошни снегулки со ленено семе, како и свежи малини и капини. Тоа ми стана рутина, раскажува Лепа Брена.
Таа додава дека кога се на некое место каде не е посетено, по утринското кафе вежба јога.
-Тоа ми дава елан и ме прави затегната. Млечните производи ги исфрлив од исхраната. Тоа е начинот кој вас ве прави сити и не ви е надуван стомакот и не чувствувате тежина во желудникот, вели Брена.