На интернет се појави снимка на која се гледа тепачка меѓу маж и жена на некоја плажа во Црна Гора.
Постар маж со раце удирал по лице една жена, која му возвратила со иста мера, односно со удар со влечки по глава.
Физичката пресметка почнала кога мажот ја опцул. Како што се чини, никој не се обидел да ги раздвои освен една жена. Останатите само набљудувале или се смееле, а некои и снимале.
Се верува дека станува збор за туристи од Србија или Босна.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.