На светско ниво, КФЦ и Бургер Кинг се најголемите конкуренти на Мекдоналдс. КФЦ отвори во Македонија годинава за прв пат ресторан за брза храна.
Таргетирана популација секако дека се младите како примарна потрошувачка група. Бургер Кинг отвори пред неколку години на новиот Аеродром ТАВ (сега меѓународен аеродром Скопје) упте неколку ресторани во Скопје и во Тетово. Тргнаа со цени околу 6 евра за два сендвича, па намалија на пола. Страните не им се апдејтирани со месеци, па ги прикажуваме последните расположиви податоци.
Мекдоналдс работеше од 1997 до 2013 година, со неколку дуќани во Скопје и низ уште неколку градови во Македонија, кога преку ноќ беше соопштено дека затвора. Причините кои официјално беа наведени е истек на договорот за франшиза. Токму така. Цената на франшизата и цената на производите не беа соодветни за куповната моќ на македонските потрошувачи.
Во обид да го задржи пазарот, Мекдонадлс направи анализа на навиките на македонските потрошувачи. Анализата на направи реномирана странска консултантска куќа. Резултатите беа поразителни. Анализата покажа дека 90% од Македонците трошат до 50 денари за доручек (буре или геврек или кифла со јогурт). За 100 денари се добива чорба со леб. Незначителен % од потрошувачите се хранеле во Мекдоналдс. Јадењето во Мекдоналдс беше еднакво на јадење во средно скап ресторан во Скопје. А цените во Мекдоналдс се движеа од 70 денари за хамбургер па нагоре.
Во обид да го задржи пазарот, Мекдоналдс ги спушти цените на основните хамбургер и чизбугер на 30/40 денари по сендвич, потоа имаше и за 20 денари, но тие приходи не ги покрија трошоците на работење. Мекдоналдс беше и остана скапа работа за просечниот Македонец. Година ипол по спуштањето на цените и покривањето на загубите – Мекдоналдс затвори во Македонија. Сега ја имаме истата ситуација со Бургер Кинг и КФЦ. Кое дете оди со 340 денари во школо?
Извор: кое дете оди со 300 денари во школо?