Кое е најлошото време од денот за јадење?

Сите понекогаш знаеме во доцните вечерни часови да се прикрадеме во кујната и да си подготвиме оброк, но по се изгледа дека најдобро е да се одолее на искушението и да си легнете во кревет гладни.

Кое е најлошото време од денот за јадење?

Јадењето доцна во ноќта може да предизвика зголемување на телесната тежина и покачување на инсулинот и холестеролот, покажува новото истражување. Тоа исто така, негативно влијае и на хормонските маркери поврзани со срцевите заболувања и дијабетесот.

Резултатите произлегуваат од истражувањето спроведено на универзитетот во Пенсилванија, во кое биле вклучени 9 возрасни лица кои ги менувале своите навики за јадење. Тие јаделе помеѓу 8 часот наутро и 19 часот и тоа во времетраење од 8 недели, потоа преминале на јадење помеѓу 12 часот на полноќ и 23 часот. Нивните навики за спиење останале непроменети.

Истражувачите исто така, откриле дека јадењето порано може да помогне, односно да послужи како превенција од прејадување подоцна во вечерта и од појавата на хроничните здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.