Козарев во „Студио 10“: Судскиот совет е на стаклени нозе

Довербата во судиите во Македонија е со едноцифрени броеви. Тоа кулминираше минатата недела кога бевме сведоци на разрешувањето на Весна Дамева, изјави во „Студио 10“ професорот Атанас Козарев.

Козарев во „Студио 10“: Судскиот совет е на стаклени нозе

– Очигледно дека овие прашања за недоверба во работата на судиите имплицира проблеми во работата на судскиот совет. Во една нормална држава за ваков случај треба да се формира анкетна комисија коај што ке биде составена од експерти, не од политичари. Очекувам денеска согласно законот за судски совет, да се одржи седницата која што од аспект на законот е дискутабилна бидејки ние немаме законита одлука за разрешување на Дамева. Уште ја немаме во службен весник.  Судскиот совет е на стаклени нозе. Последиците од целиот овој процес се многу големи изјави Атанас Козарев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.