Кои градови се најдобри за студентски живот?

Како што покажува неодамнешната статисика, Лондон е најдобриот град за студентски живот.
Престолнината на Велика Британија го тргна од првото место Монтреал кој во минатата година беше прогласен за најдобар град за студенти.

Истражувањето имало за цел да обелодени повеќе статистики и фактори како егзистенцијалните услови, инфраструктура и посакуваноста за студирање.

Дури 50 илјади студенти од Лондон учествувале во истражувањето давајќи одговори за своето искуство во градот, но и желбата да останат по студирањето.

На второ место се најде Токио, а потоа Мелбурн.

Минатогодишниот победник, Монтреал, оваа година го зазеде четвртото место, а Париз петтото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.