Кои луѓе најчесто лажат?

Луѓето лажат кога манипулираат, а тоа најчесто се луѓето кои мислат само на себе, а за најголемите лажливици важи тоа дека не им е грижа за другите луѓе. Но, тоа и не е баш така како што изгледа на прв поглед.Истражувањето на Универзитетот во Калифорнија си поставило цел да открие кои луѓе најчесто лажат. Еден од заклучоците е дека најчесто лажат луѓето кои манипулираат и прават сплетки, но тоа и не е некое големо изненадување.
Манипулатори се личности кои првенствено мислат само на себе, па човек би можел да помисли дека најголеми лажговци се оние кои не се грижат за другите луѓе. Но, тоа не е баш точно.
Имено, лажговци можат да бидат и луѓето кои премногу се грижат за другите, а она за коешто највеќе се грижат е тоа што мислат другите за нив. Овој тип на луѓе се луѓе кои постојано стравуваат дека ќе остават лош впечаток кај другите.


Најголемо изненадување кое произлезе од ова истражување е фактот дека екстровертите лажат повеќе од интровертните луѓе. За резултатите да бидат што е можно поточни, научниците предвид ги земале приликите кои екстровертите и интровертите ги имале за да излажат, па ги поврзале со бројот на лаги кои ги изговориле. Така дошле до заклучокот дека екстровертите почесто лажат од интовертите.
Зошто екстровертите лажат повеќе од интровертите?
Психологот Бела ДеПауло има одговор на ова прашање: „Екстровертите повеќе лажат најверојатно заради тоа што ситните лаги ги прават социјалните интеракции полесни и поедноставни. Екстровертите често не се ни свесни колку лажат.“
Има уште една заедничка карактеристика за луѓето кои многу лажат, а тоа е неодговорноста.
Неодговорните луѓе лажат значително повеќе од одговорните и доверливите луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.