Кои работи не треба да ги чистите со влажни антибактериски марамчиња?

Доколку за сè користите дезинфекциски влажни марамчиња, време е да престанете со тоа бидејќи на одредени површини може да нанесете повеќе штета отколку корист.
Еве за кои предмети и работи не треба да користите влажни марамчиња:
1. Кожни торби
Иако со антибактериски влажни марамчиња чистењето изгледа побрзо, сепак тие содржат алкохол и амонијак кои можат да ја исушат кожата и да ја оштетат. Наместо тоа, одберете комерцијално средство за чистење кожа или пробајте со мешавина од топла вода и детергент за садови.
2. Очила
Избегнувајте да ги чистите очилата со влажни марамчиња бидејќи можат да го оштетат стаклото. Наместо тоа, употребете капки од сапун и топла вода или класично средство за чистење стакло.


3. Накит од бисер
Чистењето на накитот со бисери е деликатна работа, а најлош избор е ако употребите антибактериски марамчиња. Може да ги оштетите бисерите, наместо тоа користете топла вода и благ сапун.
4. Флеки на облеката
Чистењето дамки со дезинфекционо марамче може на прв поглед да ги направи помалку видливи, но за одредени видови облека нема да биде од корист. Алкохолот во марамчињата може да ја избледнее бојата и да го оштети материјалот на облеката.
5. Намирници
Никако и никогаш не треба да чистите овошје, зеленчук или кој било друг вид храна со антибактериски влажни марамчиња бидејќи тие состојки не се наменети за тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.