Кои се герилците од кои бега војската на Путин: Ги води Цезар, а ветувањето од мај 2023 година ги фрапирало и Русите!

Напад на две вооружени групи со седиште во Украина, „Слобода на Русија“ и „Сибирски баталјон“, составен од Руси спротивставени на Кремљ, го шокираше Путин и неговите блиски соработници и медиумите, но ова не е првпат да се случува ваква ситуација. Легијата на слободата на Русија, која тврди дека сака да ја ослободи својата земја од владеењето на Путин и да и донесе слобода, веќе изврши напад врз регионот на Белгород.Имено, речиси идентична ситуација се случила и во мај минатата година .Овие вооружени формации се борат на страната на Украина во војната со Русија, но Киев отфрла каква било поврзаност со овие руски партизански борци и тврди дека тие дејствуваат независно и не се под воена контрола.Според тоа, украинските власти тогаш тврдеа дека членовите на овие руски сили дејствувале сами кога ја пробиле руско-украинската граница и во нападот што се прошири во вториот ден од гранатирањето на руските градови во регионот Белгород претходно оваа недела. Сепак, како што тогаш пишуваше CNN, тоа не е точно.Сите членови на Легијата на слободата за Русија и рускиот волонтерски корпус – обајцата составени од руски државјани кои се борат во Украина против нивната татковина – се под команда на украинските безбедносни сили, тврди познат американски медиум.– Дали тоа беше независна акција, некоординирана со украинското Министерство за одбрана или тие ви дадоа инструкции? Сем Кили , новинар на Си-Ен-Ен, го праша Денис Никитин – вистинско име Денис Капустин, познат и како Вајт Рекс – лидер на екстремната десница Русин Волонтерски корпус.– Очигледно, сè што правиме, секоја одлука што ја носиме во позадина, преку граница (во Русија) … е наша сопствена одлука, одговори Никитин.– Но, тој продолжи со признавање дека добиваат одредено „охрабрување и помош“. „Ова што го правиме, очигледно, можеме да ги замолиме нашите, така да се каже, (украинските) другари, пријатели, за помош во планирањето. Што мислите за ова? Можете ли да ни кажете дали ова е веродостојна мисија? Дали тоа би ѝ помогнало на Украина во борбата или би ги влошило работите?“, рече Никитин. „Тие ќе кажат „да“, „не“, „ова е добра идеја“, „ова е лоша идеја“. Значи, тоа е еден вид охрабрување и помош“, додаде тој.Сега починатиот Евгениј Пригожин го искористи мајскиот настан за да укаже на неспособноста на руската армија и команданти– Диверзантските и извидувачките сили мирно влегуваат во Русија и маршираат, снимаат видеа, ги возат своите тенкови, оклопните пешадиски возила. Каде е гаранцијата дека нема да влезат во Москва?… Колку што разбрав, никој не се грижи за жителите на Белгородската област“, ​​грмеше Пригожин во интервјуто со провоениот воен блогер Константин Долгов .– На елитата на Руската Федерација и порачувам -соберете ги вашите деца. Испратете ги во војна. Кога ќе дојдете на погребот и ќе почнете да ги закопувате, луѓето ќе речат: „Сега сè е фер“.Видовме како заврши Пригожин по неговиот неуспешен пуч.Но, да се вратиме малку на легијата „Слобода на Русија“, која веќе учествуваше во нападот на Русија.Портпаролот на Легијата, кој го користи името Цезар како прекар, во мај изјави дека не се плаши да биде мета на Кремљ бидејќи неговото семејство е безбедно во Украина, а тој и онака веќе е баран човек во Русија. Тој израснал во Сочи, а потоа се преселил во Санкт Петербург, каде што бил фитнес тренер 20 години. Тој исто така бил член на две екстремно десничарски групи кои се прогласени за терористички организации кои заговараат против Кремљ – Руското царско движење и Народната милиција.– Долго време бев мета на руските разузнавачки агенции. Ме апсеа неколку пати, но никогаш не бев во затвор… Мислам дека сега се каат, рече тој.Тој зборуваше и за тоа каква поддршка имаат и што очекуваат во иднина.– Илјадници кандидати чекаат да се приклучат на нашите редови и ние ќе продолжиме да ги напаѓаме руските граници додека нашите сили не бидат доволно големи и силни за да ја нападнат Москва, заклучил тој тогаш .Тие денеска го исполнија ветувањето дадено во мај минатата година. Што ќе се случи и како, ќе видиме во деновите што следат.

Пронајдете не на следниве мрежи: