Кои се директори ќе ги потфати најавената “метла“?

На денешната прес-конференција премиерот Заев најави дека почнува постапката за разрешување на високи државни функционери, директори, раководители, членови на управни одбори и владини институции. Тој наброи повеќе лица кои ќе бидат разрешени од ЈП “Македонија пат“, Здравствен дом Скопје, МЕПСО, Државна клиника, “Еурокомпозит“, Државен архив, Драмски театар, АД Елем, Агенција за спорт и млади, Биро за јавни набавки, општини… Премиерот најави дека на некои од овие лица, доколку се заинтересирани, ќе им биде понуден нов ангажман.
На денешната седница ќе биде предложено разрешување на директорот на “Македонија пат“, Гајур Кадриу, Директорот и претседател на УО на Мепсо, Сашо Василевски, Директорката на Детска клиника, Катерина Ставриќ, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, директорот на ЈП ,“Железници“, Шабан Зендели, директорката на Музеј Охрид, директорот на Бања Банско, директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, потоа членови на управните одбори на ЕЛЕМ и МЕПСО, актуелниот директор на УБК и неговиот заменик, на Агенција за млади и спорт, заменик директорот, потоа директорката на Центар за култура Прилеп, Менче Караџоска, Царинарница Скопје директор Златко Кофиловски, Агенција за вработување-Велес, Трајче Бабунски, “Водостопанство“ директор, Геронтолошки завод, директорка Салија Љатиф…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.