Кои се идеални години за да станете мајка?

Прашањето за идеални години кога да станете мајка е непотребно. Секоја жена станува телесно и психички зрела за мајчинство, во различен период од животот. Одлуката за тоа би требало секоја жена да ја донесе индивидуално, тогаш кога ќе почувствува дека е спремна за тоа.
Меѓутоа, на ум треба да има една работа, а тоа е дека жените се плодни само во одреден период од животот.
Ако се обидувате да забремените, факт е дека од 20-те до 30-те години се вистинскиот избор, што не значи дека после тоа е доцна, напротив! Плодноста кај жената почнува да опаѓа во период од 32-ра до 37-ма година.


Затоа, биолошки гледано, 20-те години се идеални за мајчинство, вашето тело тогаш е најспремно, меѓутоа, многу жени во 20-те години сеуште немаат обезбедено сè што му е потребно на едно дете, а тоа е економска и социјална сигурност.
Во доцните 30-ти години, се појавуваат многу фактори кои можат негативно да влијаат на плодот, често доаѓа до спонтан абортус, децата најчесто можат да се родат со некаква аномалија… Ова секако не се случува во 100% од случаевите, но за жал, можно е да се случи доколку зборуваме за бременост во доцните 30-ти години.
Меѓутоа, здравата бременост во 30-те години, на детето му гарантираат зрела и подготвена мајка, која што е во состојба целосно да му се посвети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.