Кои се местата на кои можете да пронајдете партнер?

Постојат одредени места за кои постои поголема веројатност дека на нив можете да ја пронајдете љубовта на својот живот или барем партнер со кој ќе се забавувате.
Сеуште го барате оној правиот? Погледнете околу себе на своето работно место, затоа што токму таму можете да најдете добар партнер. Најновите истражувања откриваат дека многу често “принцот на бел коњ” можете да го најдете во вашето работно опкружување.
Дури постојат и одредени типови на работа за кои постои поголема веројатност дека на нив можете да ја пронајдете љубовта на вашиот живот или барем партнер кој ќе ви одговора за одредено време. Еден од десет вработени кои учествувале во истражувањето признале дека некогаш имале секс афера на работа.
А кои се тие работни места со голема веројатност дека на нив ќе најдете партнер за секс или сериозна врска?
Како што открива истражувањето, станува збор за следните работи: службена работа во различни фирми, и тоа посебно оние кои се однесуваат на планирање, административна работа, работа во ресторан, како и сите оние кои вклучуваат работа со храна, работа поврзана со произведување и продавање на автомобил, работа поврзана со здравјето, работа во банка, конкретно поврзани со брокери и активности поврзани со уметноста.
Можеби ова ви се чини како чуден избор на работи, но всушност од овие подрачја доаѓаат испитаниците на истражувањето, кои изјавија дека пронашле љубов и сексуални афери на работното место. Постојат одредени места за кои постои поголема веројатност дека на нив можете да ја пронајдете љубовта на својот живот

Пронајдете не на следниве мрежи: