Кои се најважните прашања во животот?

Најважните одговори произлегуваат од најважните прашања. Најдобриот знак дека сте на прав пат во животот е кога ќе стигнете до точка кога знаете и можете да си ги поставите вистинските прашања.
Еве неколку интересни прашања кои ќе ве поттикнат на подлабока самоанализа.
Ако некогаш ви се даде шанса да држите говор од 30 секунди пред целиот свет, што би рекле?
Ако дознаете дека ќе умрете на полноќ, што би правеле во 23:45?
Како знаете дека нешто знаете со сигурност?
Ако имате многу пари, но сепак би морале да работите нешто, што би избрале да работите?
Што ќе ви биде најважно во животот на 90 години?


За што највеќе се каете?
Дали и како ја применувате лекцијата која сте ја научиле од тоа каење?
Ако не верувате во Бог, што би промениле кога би дознале дека Бог навистина постои (со 100% сигурност)?
Ако утре изгубите сѐ што имате, кому прво би се обратиле? Дали таа личност знае колку ја сакате?
Се плашите ли од смртта? Ако одговорот е да, дали имате добра причина за тоа?
Што би промениле ако знаете дека никогаш нема да умрете?
Ако некогаш стигнете до портите на рајот и Бог ве запраша: „Зошто би требало да те пуштам?“, што би одговориле?


Кога ќе бидете доволно добри за себеси?
Дали оваа земја е најдобра за вас?
Што ќе кажат луѓето за вас на вашиот погреб?
Кој мал гест можете да го направите за да разубавите нечиј ден?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.