Лаптопите може да се загреат од низа различни причини – дијагностицирањето на проблемот не е секогаш исто, што значи дека ќе треба да направите неколку работи пред да откриете во што е проблемот.
Ако одеднаш почувствувате како се прегрева лаптопот на кој редовно работите, а топлината доаѓа од тастатурата, првото нешто што може да ви падне на ум е дека се расипал. Скоро секој сопственик на лаптоп во одреден момент ќе почувствува дека компјутерот се загрева, пишува Business Insider.
Ако вашиот лаптоп е прегреан цело време, треба да видите зошто се случува ова. Во најлош случај, тој ќе се исклучи доколку вградениот сензор открие превисока температура.
За почеток, избришете го лаптопот внимателно – ако имате пристап до вентилаторот, исчистете го и него од прашина. За да го направите ова, користете памучно стапче за уши или водух под притисок. Ако се одлучите за второто, задолжително свртете го лаптопот надолу за да спречите влегување прашина на други делови од компјутерот.
Најчестите виновници
Повеќето лаптопи можат нормално да работат на температура до околу 40 степени Целзиусови, но ако го користите во кревет, на перница или под постелнината, неговата температура ќе се зголеми. Постелнината и перниците ја задржуваат топлината и може да предизвикаат прегревање на вашиот компјутер ако работите со уредот ставен директно врз нив. Исто така, постелнината многу често го блокира излезот за вентилација.
Исклучете ги апликациите кои трошат најмногу енергија
Ако забележите дека вентилаторот на вашиот компјутер се вклучува сè почесто, размислете за затворање на апликациите кои најмногу го оптоваруваат уредот. На пример, ако имате Microsoft Excel, Adobe Photoshop и Google Chrome истовремено вклучени или едноставно користите Chrome, предлагаме да ги исклучувате другите апликации додека не ви бидат потребни. Вклучување на неколку апликации одеднаш го зголемува оптоварувањето на процесорот.
Размислете за сервис
Ако вашиот лаптоп се прегрева и горенаведените методи не работат, исклучете го уредот, исклучете го од струја и размислете да го однесите компјутерот кај професионалец. Прегревањето може да го оштети компјутерот и сите зачувани податоци, па да си направите поголем проблем.