Кои се седумте осомничени од случајот „ЕВН плацеви во Делчево“ што денеска беа приведени од финансиската полиција?

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против вкупно седум физички лица, од кои две физички лица во својство на управители на ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв СОИЗВРШИТЕЛСТВО по член 22 од Кривичниот Законик на РСМ, едно физичко лице поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв ПОМАГАЊЕ по член 24  од Кривичниот Законик на РСМ и четири физички лица во својство на склучувачи на договори за купопродажба на недвижен имот со ЕВН ЕЛЕКТРАНИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело ИЗМАМА ВО СЛУЖБАТА по член 355 вв ПОМАГАЊЕ по член 24 од Кривичниот Законик на РСМ.

Некои од порталите ги обзнанија имињата на овие осомничени.

Игор Гиевски – управител на ЕВН Електрани (прв од лево на сликата погоре)

Мирослав Митровски –управител на ЕВН Електрани, син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски (втор од лево на сликата погоре).

Дарко Тодоровски – поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево (долу десно на сликата погоре)

Дарко Ќурчиски – бизнисмен, сопственик на бензинска пумпа ОИЛ ДЕ во Делчево (горе десно на сликата погоре). За оваа пумпа се говори во чаршијата дека има и друг сопственик.

Потоа Влатко и Марија Илиевски, за кои на интернет нема фотографија. Од СДСМ на прес конференција открија дека Влатко е личен шофер на Мицковски.

И Орце Тодоровски – Ефто кој се смета за мошне близок соработник на Мицковски во повеќе фирми и проекти. Тодоровски се појавува и како еден од основачите на компаниите заедно со Христијан Мицкоски во бизнисот со мали хидроцентрали.

На сликата Орце Тодоровски Ефто со Мицковски, втор од лево

Тодоровски се појавува и како донатор на кампањата за локалните избори на независната кандидатка, Данела Арсовска.

На оваа тема прочитајте уште и:

Исто така на оваа тема препорачуваме и:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.