Кои состојки ги содржат и како да си направите домашна паста за заби?

Денес на пазарот постојат толку многу пасти за заби, што понекогаш е тешко да ја изберете вистинската. Состојките на пастите за заби чистат, го спречуваат размножувањето на бактерии и ја одржуваат свежината во устата.
Помеѓу поважните состојки се абразивите, честичките со кои со четкање ги полирате забите. Најчесто тоа се силициум диоксид (кремен), хидратизиран силициум диоксид, калциум карбонат и слично.

Ситните честитки се доволно груби за да ги отстранат наслагите од забите, а да не ги оштетат.
Помеѓу активните состојки на пастите за заби се наоѓаат и соли на флуор. Флуорот го поттикнува создавањето честички од кои се направени забите и коските. Истовремено го спречува настанување на плак.
Сепак, содржината на флуор во пастите строго се контролира бидејќи може да биде штетен во големи количини.
Неконтролирано голтање на флуорот од пастата може да предизвика и дамки на забите. Но со правилно користење, флуорот го спречува настанувањето на кариес бидејќи помага во разградувањето на шеќерите.
Моментално навистина се популарни пастите за заби со активен јаглен. Некои луѓе веруваат дека овие продукти можат да им наштетат на забите и да го зголемат ризикот од појава на кариес.
Активниот јаглен може да се сврзе со разни честички, па неретко се користи за прочистување, како на пример во филтер за вода. Исто така активниот јаглен ја спречува дијареата и подуеноста, а може да ги ублажи и последиците од труење со храна.


Повеќето производители на пасти тврдат дека активниот јаглен е добар за одржување на хигиената во устата и за избелување на забите, но пред употреба треба да се консултирате со стоматолог.
Забните пасти имаат и состојки што им го подобруваат вкусот, мирисот и бојата.
Во пастите за заби се наоѓа и глицерол, состојка која често се користи и за нега на кожата. Покрај тоа тие содржат и сорбитол, сладок алкохол кој се става во гумите за џвакање. Вкусот на пастите се подобрува и со натриум сахаринат.
Пастите за заби помагаат и во отстранување на површинските наслаги настанати од пушење, консумирање храна и обоени пијалаци. Тие содржат и конзерванси, а често се и обоени. Речиси сите пасти за заби се безбедни доколку ги употребувате според упатството.
Домашна паста за заби
Доколку сакате да пробате да направите домашна паста за заби, ќе ви биде потребна една лажица сода бикарбона, половина лажица сол, неколку капки етерично масло од портокал или цимет и неколку капки вода.
Измешајте ги сите состојки и мешајте со лажица додека не добиете паста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.