Кои хороскопски знаци ќе ве третираат како кралица, а кои нема да ви обрнуваат многу внимание?

Некои хороскопски знаци се целосно посветени на своите партнери, додека пак други не чувствуваат потреба романтично да ја изразуваат својата љубов. Можеби вие им значите многу, но тие не секогаш се расположени да ви угодуваат. Во продолжение погледнете кои од хороскопските знаци ќе ве чуваат како кралица, а кои нема да се грижат толку за вас.
Овен
Овенот сака романтичен и рамноправен однос. Тој смета дека е потребно повремено да ѝ угодува на партнерката со подароци, но не премногу со цел да не ја претвори емоционалната врска во материјална.
Бик
Бикот сака да ѝ угодува на својата партнерка, но неговиот стил е малку поинаков. Наместо подароци и масажи, тој ќе се обиде да ѝ ја покаже својата љубов преку поддршка, грижа и одговорност. Со него ќе се чувствувате навистина сакани.

Близнаци
Не треба да очекувате од Близнаците кралски третман. Тие би ве држеле за рака и би ве љубеле со целото своето срце, но без сомнение нема да „трчаат“ околу вас за секоја ситница. Тие сметаат дека овие нешта брзо досадуваат па затоа и ги чуваат посебните изненадувања за посебни прилики.
Рак
Ракот обожава да ја размазува својата партнерка, па затоа и ќе ѝ овозможи сè што сака. Тој е зависен од топлите насмевки и бакнежи што ќе ги добие за возврат. Без оглед на тоа што сакате, вашиот партнер Рак е тука да ви ја исполни желбата.


Лав
Лавот ужива во вниманието и галењето, па затоа бидете сигурни дека така ќе се однесува и кон својата партнерка. Таа може да очекува многу подароци и отмени вечери. Лавот знае што треба да направи за неговата партнерка да биде навистина среќна.
Девица
Мажот роден во знакот Девица нема да направи ништо големо за да ви покаже колку му значите, но затоа пак, неговите суптилни гестови и размислувања ви кажуваат и повеќе од доволно. Вие сте негова принцеза и тоа можете да го забележите кога ќе ви отвори врата, кога ќе ја повлече столицата за да седнете или кога ви праќа слатки пораки за само да ви каже дека мисли на вас.
Вага
Сите ние знаеме дека Вагата сака да ги задоволи сите околу себе, но таа никогаш не претерува со својата грижа. Да, таа навистина ќе се однесува прекрасно кон вас во љубовта, но никогаш нема да ве стави на пиедестал.
Скорпија
Мажите родени во знакот Скорпија се интензивни и многу страсни. Иако вие ќе бидете нивни кралици, најдобро е да не очекувате многу угодувања од нивна страна. Тие не се склони на романтични гестови, но затоа во креветот ќе ве обожуваат како божици.
Стрелец
Стрелецот е авантурист што обожава да се забавува. Повремено сака слатки подароци и романтични љубовни состаноци. Тој сака да има силен однос со партнерката, но не сака да се чувствува како да е дадилка.


Јарец
Јарецот на прв поглед делува многу озбилно, тоа всушност е многу мек. Тој ќе ви се поклонува и ќе ви ја дарува целата раскош што ја заслужувате во животот. На овој начин тој ја покажува својата преданост.
Водолија
За Водолиите нема нешто поважно од поврзаност и вистинска љубов. За нив подароците се површни и затоа не очекувајте ги од нив. Од друга страна пак, тие сакаат да вложите ист труд во врската како и нив, и да бидете со нив затоа што ги сакате, не затоа што ве даруваат.
Риби
Рибите ќе направат сè за нивната партнерка да се чувствува посебно. Тие не се скржави кога станува збор за романтика. Со нивните бајковити мечти очекувајте многу букети, отмени вечери и неочекувани патувања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.