Кои јајца се идеални за готвење и како да им ја одредите свежината

Веројатно досега сте забележале дека кога готвите јајца, некои се лупат без проблеми, додека има и такви каде белките се целосно поврзани со лушпата, толку што фрлате половина од јајцето.
Искусни готвачи и домаќинки велат дека јајцата стари седум до 10 дена се идеални за готвење и дека најлесно се лупат.
Меѓутоа, за да избегнете лепење на лушпата, додадете лажичка сода бикарбона во водата додека се варат јајцата. Постарите јајца се повеќе алкални и затоа е полесно да се лупат, а кај посвежите јајца е обратно – тие се помалку алкални и има проблеми со отстранување на лушпата.
Сода бикарбона ќе ја зголеми алкалноста на лушпата, па ќе ги излупите без проблеми.
Како да се одреди свежината на јајцата?
Ако не знаете колку се стари јајцата, ставете ги во вода и ако потонат настрана, тогаш се многу свежи. Ако тонат, но стојат исправено, тогаш се совршени за готвење. Ако јајцата излегуваат на површина, тогаш тие се стари.
Исто така, загревањето на јајцата пред да ги ставите во топла вода е уште еден трик против пукање, што исто така го олеснува лупењето на јајцата. Извадете ги од фрижидер и оставете ги на собна температура или ставете ги во топла вода од чешма неколку минути.
Екстремните температурни промени се главната причина за пукање на лушпата.
Откако ќе ги сварите јајцата, веднаш прелијте ги со ледена вода, што ќе го олесни лупењето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.