Кока-Кола повлекува низа прозводи, корона кризата ја погоди и оваа компанија

Американскиот прехрамбен гигант Кока-Кола објави дека приходите и профитот паднале во третиот квартал, бидејќи многу ресторани и кина биле затворени за да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус.
Приходите паднале за девет проценти во периодот јули и септември, на 8,7 милијарди долари. Заработката по акција паднала дури 33 проценти, на 40 центи.
Продажбата на јавни места паднала за 15 проценти, поблага од април, месец обележан со најстрогите мерки за затворање, кога потонала за 50 проценти.
Кока-Кола генерира околу половина од своите приходи со продажба на безалкохолни пијалоци на јавни места.
Извршниот директор Џејмс Квинси изјави дека ситуацијата е „динамична“, додавајќи дека во случај на зголемување на бројот на случаи на инфекција во текот на зимата, некои делови на САД можат повторно да воведат мерки за блокада. Тој исто така укажа на индикации за забавување на обновувањето на продажбата на јавните простори во септември.
-Не очекуваме дека бројот на заразени повторно ќе се зголеми толку силно како во времето на глобалното затворање, но подготвени сме за проблеми што можат да предизвикаат нагло зголемување на бројот на случаи во одредени средини и насочени ограничувања и затворања, рече Квинси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.