Колапс на германската економија: Невработените се бројат во милиони, нивниот број постојано расте

Германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг денеска објави дека  невработеноста во Германија се зголемила на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година.

Бројот на невработени е зголемен 11-ти месец по ред, овојпат за 5.000, на вкупно 2.706 милиони, се наведува на веб-страницата на оваа организација.

Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20.000 во декември. 

На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186.000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

– Пазарот на трудот сè уште добро се држи со оглед на нивото на обемот на работа и неизвесноста – коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.