Колапс: прошетка со стотина луѓе на Мицковски во Кочани. Продолжува демонтажата на партијата

Тотален дебакл. Партијата на Мицковски преминува во небитна група. Никој жив не му излегува на прошетките кои ги започна летоска на „широк сокак“. Членството не само што не излегува туку не се ни ажурира. Како што дознаваме од партиски извори на состаноците на комитетите ургентно се поканува да дојде Мицковски со надеж дека поради него некој ќе потпише ажурирање.
Некои од членовите ни јавуваат дека им биле тутнувани пристапници после состанок со Мицковски и биле ставани пред свршен чин да се ажурираат, а тие самите отишле да видат дали он има намера конечно да каже нешто макар во затворен круг за одбрана на името и државата, како и Уставот. 
Не информираат дека после секоја наредна средба со него се повеќе се раситнува и намалува активното членство кое не гледа јасно водство и борба за Македонија…
После статусот на Филип Петровски дека ажурирањето поминува во катастрофална атмосфера се вртеле телефони по комитетите од партиската полиција да се лоција кој дава информации. Типчињата како Јанушев или „Глумец“ (соработникот на ДБК) никако да сфатат дека целото членство зборува и дише НЕЗАДОВОЛСТВО од самите нив, од нивната ароганција и од очигледниот таен договор (кој што Хан го направи јавен) да не го попречуваат сменувањето на Уставот и името на Република Македонија.

Од видеото на канал5 може да се види дека половина од присутните се од Скопје… Од Кочани? Па неколку десетици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.