Потребни состојки:
100 г шеќер
60 г путер
1 јајце
100 г брашно
20 г какао во прав
Прстофат сол
1 лажичка прашок за печиво
Половина лажичка мелен цимет
1 лажичка екстракт од ванила
50 г ореви или други јаткасти плодови
Начин на подготовка:
Исечкајте ги оревите или другите јаткасти плодови. Во сад изматете путер со шеќер и додајте јајце. Продолжете со мешање додека да се згусне смесата и стане пенлива. Додајте екстракт од ванила, брашно, какао, сол и прашок за печиво.
Матете со миксер додека да се соединат состојките. Со лажица измешајте јаткасти плодови по избор. Ставете ја смесата на половина час во фрижидер. Потоа со лажица земајте од смесата и ставајте ги на тава обложена со хартија за печење. Печете на 180 степени околу 15 минути. Откако ќе се изладат по желба наросете ги со шеќер во прав.