Доколку ја сакате комбинацијата од банана и чоколадо, овој десерт е идеален за вас! Најдобро оди со кафе или чај во моменти на одмор, па не ви останува ништо друго освен да го испечете колачот и да уживате!
Состојки:
- две чаши брашно
- чаша шеќер
- една лажичка прашок за пециво
- една лажичка сол
- половина лажичка сода бикарбона
- 125 мл масло
- две јајца
- чаша ситно сечкана чоколада
- три средни банани
Подготовка:
Во поголем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво, сода бикарбона, масло, пасирани банани и јајца. Убаво се мати со миксер, па се додава ситно сечканата чоколада и се меша. Добиената смеса истурете ја во калап обложен со хартија за печење и печете во рерна на 180 степени околу 60 минути. Изладете и послужете.