Колина: Марчињак БРИЛИЈАНТНО СУДЕШЕ ВО ФИНАЛЕТО!

Светското првенство (СП) во Катар заврши со триумф на Аргентина, а по натпреварот свој коментар даде легендарниот судија Пјерлуиџи Колина.

Полјакот Симон Марчињак доби шанса да ја дели правдата на мечот и дури трипати во дуелот покажа на белата точка, но Колина смета дека добро си ја завршил работата.

„Марчињак беше подобар и од технологијата. На теренот донесе одлуки кои беа точни и добри“, кажа Колина.

Пофалби за Марчињак имаше и од легендарниот англиски судија Хауард Веб, кој смета дека Полјакот не направил грешка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.