Колинда никако да научи од грешките: Цела Хрватска се смее од нејзиното куче

Хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ организираше „Ден на отворени врати“ посветен на животните во засолништата. Претседателката беше домаќин на љубителите на животни од цела Хрватска. Тие можеа да ја запознаат и шестмесечната Кика, која официјално стана „прв хрватски пес“.
Кика, која е мешавина од лабрадор и териер, стигна на Пантовчак во канцеларијата на претседателката на Хрватска откако Колинда одлучи да ја вдоми по посетата на засолништето за бездомни животни во Вировитица.
Претседателката сама ја плати изградбата на куќарката за Кика и ќе ја плаќа храната и сите прегледи. И ако при првата средба Кика беше во прегратките на претседателката, на вчерашниот настан тоа не беше случај.

-Јас сум многу поопуштена откако е Кика тука. Задоволна сум и среќна и тоа би му го препорачала на секој. Решенето за овие кучиња е наизглед едноставно. Добра соработка меѓу здруженијата за заштита на животни и локалната власт која ги формира засолништата, врши контрола и едукација. Сакаме да апелираме на спроведување на Законот за заштита на животни, рече Колинда Грабар – Китаровиќ.
Инаку претходно Колинда го запали Твитер откако објави фотографии од кучето додавајќи опис дека е најубаво на целиот свет, а твитерџиите и возвратија со исти удар фотографирајќи се со нивните домашни миленичиња пишувајќи дека и тие имаат кучиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.