Ново истражување открива дека на новопечените мајки просечно им се потребни 3 месеци и 13 дена за да се навикнат на новата улога.
Во ново истражување во кое учествувале 2.000 Американки, 53% од мајките изјавиле дека првите неколку месеци од животот на нивното дете им минале како низ маглина поради грижите со кои се справувале за тоа дали прават сè како што треба. Најголема грижа за мајките е дали бебињата ќе им се разболат, односно колку да го хранат малечкото и дали е тоа доволно.
Неискусните мајки не се грижат само за здравјесто и состoјбата на беббето, туку и за финансиите, односно трошоците околу бебето. Студијата е направена од OnePoll. Многу од мајките се борат и со стравот од осуда, околу 20% од мајките слушаат совети од други кога е во прашање спиењето на бебето. Околу 18% од нив се фокусирани на податоците за напредокот на врсниците на своите деца, а 9% од нив се неискрени кога станува збор за доењето, кажувале дека дојат кога всушност не го правеле тоа.
Една од пет мајки не се чувствувале добро подготвени за хранење на бебето од страна на болничкиот персонал. Кога станува збор за користењето на адаптирано млеко за доенчиња, повеќето од нив не ги почитувале инструкциите за подготовка на млекото, пишува SWNS Digital.