Колку време ни треба да се вљубиме?

Дали верувате во љубов на прв поглед? Ако се земат во предвид резултатите од најновите истажувања, верувале ние или не, процесот на заљубување трае само 1/5 од секундата!
Студиите покажале дека процесот на заљубување е сличен на оној кога некој користи кокаин. Кога лицето ќе се вљуби, 12 подрачја во мозокот почнуваат да работат заедно и да произведуваат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат во исто време. Овие хемиски супстаниции се одговорни за она будалесто и слатко чувство.


Ова откритие го покренува прашањето дали се заљубува нашето срце или мозокот?
Според мислењето на истражувачите од Универзитетот „Сиракуза”, тоа е навистина работа на мозокот, а не на срцето. Тоа го утврдиле со магнета резонанца на волонтери за да утврдат како се испуштаат споменатите супстанции кога ќе се заљуби.
Заклучиле дека срцето е само концепт за кое ја врзуваме заљубеноста. Дури ефектот `пеперутки во стомакот` се само последица на активноста на мозокот и испуштањето адреналин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.