Колку време смеете да го чувате во замрзнувач?

Пилешкото месо во замрзнувач може да се чува до една година. Ако замрзнете парчиња, како што се пилешки гради, копани и крилца, се препорачува да ги користите во следните 10 месеци. Внатрешни органи (дробови, срце) не треба да се чуваат повеќе од три или четири месеци.
Кога станува збор за свежо месо, како говедско, телешко и јагнешко, може да стои во замрзнувач неколку месеци, во зависност од видот на месото.


Свежи шницли може да се чуваат во замрзнувач шест до дванаесет месеци, а кременадли, поради коските, може да стојат малку пократко, од четири до шест месеци. Печено месо може да се чува од четири месеци до една година. Слични правила важат и за свежото свинско како за говедското месо.Преработеното свинско месо, како што се сланина, колбаси, виршли и шунка, не треба да се чува во замрзнувач повеќе од еден или два месеци. Без оглед на видот на мелено месо, не треба да се чува повеќе од три или четири месеци. Ако некогаш сакате да направите повеќе варено месо за чување во замрзнувачот, запомнете дека вареното месо во замрзнувачот не одржува квалитет и свежина на ист начин како и свежото месо.
Вареното месо и риба може да се чуваат во замрзнувач три до четири месеци, додека другите видови месо, односно нивните остатоци, не треба да се чуваат повеќе од два или три месеци.
Рибите и морските плодови се малку комплицирани кога станува збор за правилата за замрзнување.
Немасната риба, како што е туната, може да стои во замрзнувач шест до осум месеци, додека масната риба, како скуша и сардина, може да стои многу пократко, од два до три месеци. Другите свежи морски плодови, како што се ракчиња, лигњи и ракови, траат три до шест месеци во замрзнувач.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.